еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Активни осум пожари во Македонија, под контрола еден

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека денеска во Македонија има вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои активни се осум, под контрола е еден, а изгаснати се шест.

Активни се пожарите во Општина Чашка на планината Мукос, кај село Степанци, м.в.Кадиица, селото Оморани и селото Ораов Дол, каде гори мешана шума, во Општина Прилеп кај селото Пештани, селото Кокре и селото Кален, каде гори нискостеблеста вегетација.

Активни се и пожарите во Општина Штип, кај селото Хаџи Хамзали, селото Едеклерци, селото Топлик, селото Драгоево и полигонот Криволак, каде гори нискостеблеста шума, смреки и сува трева, како и во Општина Чучер-Сандево, кај селото Танушевци, м.в.Рамно, каде гори мешана шума.

Активни пожари има и во Општина Прилеп, кај селото Радобил, каде гори шума, во Општина Теарце, кај селото Глоѓи, каде гори ѓубриште, кај селото Теарце, каде гори стрниште и во Општина Сопиште, кај селото Јаболци, м.в.Краста, каде гори камион и ниска вегетација.

Под контрола е пожарот во Општина Долнени, на планината Мукос, кај селата Десово и Дреновци, каде гори мешана нискостеблеста шума и сува трева.

Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Легализирањето на марихуаната во Германија ќе заштеди над една милијарда евра

Редакција

Иселеник од Делчево во Италија за својот труд награден со средба со Папата Франциск

Редакција

(Видео) Жена главен осомничен за бомбата во Истанбул, уапсени уште 45 лица

Редакција