еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Аутомакедонија ја зголеми нето добивката за 46% во третиот квартал

Аутомакедонија АД Скопје во првите девет месеци од годинава остварила нето добивка по оданочување во износ од 24,5 милиони денари, што претставува зголемување од 46% во однос на истиот период 2023 година, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Зголемувањето на нето добивката во 2024 година се должи на зголемен волумен на продажба на возила – комерцијален сегмент, а од друга страна стабилно ниво на трошоци во однос на 2023 година.

Горенаведеното резултира во оперативна добивка од 22 милиони денари, зголемување за 76% во однос на истиот период 2023 година.

Финансиските расходи се зголемени за 7%, што резултира со добивка пред оданочување од 25 милиони денари, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Генералниот директор Игор Илиевски купи 400 акции на Аутомакедонија

Синот на Светозар Јаневски, Јане, избран за претседател на УО на Аутомакедонија

Аутомакедонија со зголемена добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Намалена добивката на скопски „Бетон“

Редакција

Горивата поскапуваат од половина до еден денар за литар

Редакција

(Видео) Полицајци се степале со обезбедување со казино, министерот Тошковски објави снимка од тепачката

Редакција