еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Боре Видевски, осомничен за убиствата на Вања и Панче, останува во притвор

Боре Видевски, еден од осомничените за убиствата и киднапирањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, останува во притвор.

Од Врховниот суд информираа дека неговата жалба со која бараше да оди во домашен притвор, е неоснована.

„Врховниот суд на Република Северна Македонија, ја известува јавноста дека по одржаната јавна седница на ден 29.05.2024 година по повод жалбата од обвинетиот Б.В. во предметот познат во јавноста како „Убиството на Вања Ѓорчевска“, изјавена преку неговиот бранител Бојан Манев, против решението на Апелациониот суд Скопје КСЖ- 417/24 од 30.04.2024 година, Советот за казниви дела донесе решение ВКЖ1-23/24 од 29.05.2024 година, со кое жалбата е одбиена како неоснована и обжаленото решение во целост е потврдено“, велат од Судот.

Видевски е еден од петтемината осомничени. Тројца од нив се товарат за соизвршителство во две грабнувања и две убиства на свиреп начин, еден за помагање при грабнување малолетно лице и еден за помагање по извршено кривично дело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палевски останува уште 30 дена во притвор

Во куферот на Палевски со кој влезе во Шутка имало евра, лири и телевизор

До каде е истрагата за Палевски?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цементарница Усје ќе дели дивиденда од 2.415 денари по акција

Редакција

Нови 115 заболени од Ковид-19 од 1.665 тестирања, најмногу во Скопје, Куманово и Штип

Редакција

Очекуваме наскоро да бидат свикани меѓувладините конференции со Северна Македонија и Албанија, изјави Мицотакис на средбата со Петков

Редакција