еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нападнатиот во М-НАВ бил приведен на Блаце, пуштен е откако дал исказ

Триесет и девет годишниот вработен во Македонска навагација (М-НАВ), кој беше нападнат пред неколку дена, вчера бил приведен на граничниот премин Долно Блаце на излез од државата, зошто се уште немал дадено исказ во Јавното обвинителство за нападот, што беше посочено и како една од причините зошто судиите од Кривичен суд на четворицата осомничени за упадот, кои се достапни на органите на прогон, не им одредија притвор, туку мерки на претпазливост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осомничените може да избегат: Обвинителството образложи зошто бара притвор за насилниците кои упаднаа во М-НАВ

За судиите од Кривичен немало доволно докази за напаѓачите на Радарската кула, па затоа не им одредиле притвор

За неговото приведување информираа од Министерството за внатрешни работи.

-На 06.01.2024 година во 20.10 часот на граничниот премин „Долно Блаце“, на излез од државата, бил лишен од слобода П.Б. (39) од Скопје.

Имено, при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција било констатирано дека за него има активна мерка „апси“, на барање на Одделението за потраги, за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај“ по чл.303 ст.2 од Кривичниот законик.

Тој бил приведен и предаден на полициски службеници за понатамошна постапка, стои во дневниот Билтен на МВР.

Откако дал исказ за нападот во присуство на јавен обвинител, тој е пуштен и му било наложено да остане достапен на истражните органи, објави телевизијата Телма.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Оваа брука надалеку ќе одекне„: Твитер реакции за неодредувањето на притвор за функционерот на ДУИ, Незири, и другите лица кои упаднаа во Контрола на летање

Каков имот пријавил Пајазит Пајазити, кој не одреди притвор за функционерот на ДУИ, Беким Незири, за упадот во М-НАВ

(Видео) Снимки од приведувањето на Беким Незири, кој не доби притвор за упадот во Контрола на летање

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 49 пациенти, а вкупно се лекуваат 461

Редакција

Во нападите на Хамас загинаа најмалку 300 Израелци

Редакција

Обвинителството почна предистражна постапка за претседателот Иванов

Редакција