еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За судиите од Кривичен немало доволно докази за напаѓачите на Радарската кула, па затоа не им одредиле притвор

Од Кривичниот суд ја објаснуваат одлуката на судиите Пајазит Пајазити и Сандра Крстиќ, зошто на лицата кои упаднаа во државното Друштво, Македонска навигација (М-НАВ) и нападнаа вработени таму, не им одредиле притвор, туку мерки на претпазливост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пајазит Пајазити и Сандра Крстиќ се судиите кои не одредија притвор за Незири и другите лица кои упаднаа во Контрола на летање

Одлуката на судиите предизвика лавина од негативни реакции во јавноста и на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Оваа брука надалеку ќе одекне„: Твитер реакции за неодредувањето на притвор за функционерот на ДУИ, Незири, и другите лица кои упаднаа во Контрола на летање

-Судот постапува пред се врз основа на приложената документација/докази доставени од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје и МВР и врз основа на слободно судиско убедување, велат од таму.

Посочуваат дека јавноста морала да се запознае со релевантните податоци за настанот, внимавајќи притоа и на тајноста на истрагата, а со единствена цел да се отфрлале сите непроверени шпекулации кои се пласираат, а со кои се влијае врз судско обвинителската постапка.

– Имено,  неспорно е дека настан од кривично правен аспект постоел, па затоа со цел да се овозможи непречено водење на кривичната постапка односно истрага од страна на надлежен обвинител, судот смета дека е неопходно да се обезбеди присуство на осомничените лица.

Но, потребно е да се знае дека во наредбата за истрага за конкретниот настан опфатени се 8 лица, а до овој момент доставен е предлог за определување мерки за обезбедување присуство, како и докази за нивна инволвираност, само за четворица, велат од Кривичен.

Во врска кривично правниот настан, велат од таму, законското битие на кривичното дело од член 303 став 2 од Кривичниот законик, кое им се става на товар е дека: „Тој што ќе изврши дело со кое ја загрозува или може да ја загрози безбедноста на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај, со користење на уред, материја или оружје, незаконски и со намера да изврши дело на насилство против лице на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај со која предизвикува или може да предизвика тешка повреда или смрт, или да уништи или оштети уреди, објекти или воздухоплов, кој не е во сообраќај, а е лоциран на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај“.

– Во конкретниот случај, според дадениот опис на преземените дејствија од страна на осомничените, а во склоп и на доставените докази во прилог на предлогот, во овој момент не прозилегува дека осомничените во целост ги исполниле условите предвидени во кривичното дело, односно дека со нивните дејствија можеле да предизвикаат тешка повреда, смрт, или уништување или оштетување на уреди, објекти или воздухоплов, кој не е во сообраќај, а е лоциран на аеродром за меѓународен воздушен сообраќа.

Имено од страна на  ОЈО Скопје не се доставени докази – медицинска документација за наводно предизвиканите повреди, нема записник за примање на кривична пријава од оштетениот. Истиот не е сослушан пред ОЈО Скопје, ниту пак се доставени докази дали навистина е настаната тешка повреда и од каков вид е истата.

Понатаму не е наведен начинот како преземените дејствија предизвикале или можеле да предизвикаат уништување или оштетување уреди, објекти или воздухоплов, кој не е во сообраќај, а е лоциран на аеродром за меѓународен воздушен сообраќај, велат од таму.

Воедно, се вели во соопштението, според вонредниот инспекциски надзор на Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ), утврдено е дека не постои никакво нарушување или загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај, а исто така не постои никаков пријавен настан или сериозен инцидент во врска со одвивањето на безбедноста на воздушниот сообраќај, како што и изјави директорот на Агенцијата – Томислав Тунтев.

– Односно самиот предлог на јавниот обвинител воопшто не води во правец на посоченото кривично дело. Меѓутоа, според доставените докази произлегува дека во конкретниот случај осомничените презеле одредени дејствија кои дополнително треба да се истражуваат, но не во контектст на наведеното  кривично дело за кои според ОЈО постои основано сомненевање.

Па заради тоа, се со цел да се доразјаснат и утврдат сите правно релевантни факти во конкретниот настан кој се случил на 04.01.2024 година, судијата на претходна постапка определи мерки на обебзедување присуство од поблаг вид, велат од Судот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството ќе ја обжали одлуката на судијата од Кривичен, кој не им одреди притвор на лицата кои упаднаа во Контрола на летање

Од Кривичен, исто така, велат дека по добиената жалба од ОЈО Скопје за изречените мерки, дополнително ќе одлучува Кривичниот совет, кој може да ја потврди или преиначи одлуката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Пајазит Пајазити, кој не одреди притвор за функционерот на ДУИ, Беким Незири, за упадот во М-НАВ

(Видео) Снимки од приведувањето на Беким Незири, кој не доби притвор за упадот во Контрола на летање

Каков имот пријавил Фахрудин Хамиди, директорот во М-НАВ, за кој упадот во Контролата на летање е кошкање помеѓу колеги

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Катимерини“: Мицотакис му кажал на Заев дека никогаш немал да го потпише Договорот од Преспа

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ во среда ќе се изјасни околу референдумот

Редакција

Ново рочиште за „Тарифа„ на СЈО

Редакција