еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ во среда ќе се изјасни околу референдумот

Во среда најверојатно ќе биде познато која пратеничка група колку средства ќе добие за кампањата за референдумот за 30 септември.

Како што појаснуваат од собраниските служби, пратеничките групи и пратениците поединечно нема да добијат средства на рака, туку кампањата ќе биде реализирана преку закуп на простор во соодветни медиуми пропорционално според бројот на пратеници во пратеничката група.

Кампањата за референдумот се очекува Собранието да ја започне околу 10 септември.
Министерот Дамјан Манчевски, како претставник на Владата, претпладнево присуствуваше на координацијата на претседателот на Собранието Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи. На координацијата повторно не дојде координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев, кој потоа пристигна во Собранието на средба со петмината американски сенатори.

Засега во рокот што Џафери им го даде на пратеничките групи да се изјаснат дали ќе учествуваат во кампањата и дали се „за“ или „против“ се изјасниле партиите од владејачкото мнозинство, додека ставот на ВМРО-ДПМНЕ официјално е најавен за в среда.

Пратеничките групи на СДСМ, ДУИ, ДПА и Алијансата на Албанците веќе доставиле известувања дека ќе учествуваат во кампањата и дека ќе бидат „за“ референдумското прашање, додека во следните неколку часа се очекува и официјалното известување од Беса чии пратеници во изјави за медиуми деновиве, сепак, информираа дека ќе ја поддржат референдумската кампања и се „за“ референдумското прашање.

На претпладневната координација станало збор и за собраниската седница што треба да се одржи во среда на која на дневен ред ќе бидат ставени и прашања врзани со одредени кадровски решенија што денес би требало да помина на собраниската Комисија за прашања на именувањата и изборите, но и други точки како закони во прво и во второ читање.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Истражување: Граѓаните со најголема доверба зa Армијата и претседателот, односот на ЕУ кон Македонија оценет како нефер, надмен и уценувачки

Редакција

Недостигаат осум пратеници за потребното мнозинство за гласање на уставните измени, вели Османи

Редакција

Антикорупциска отвори предмети за злоупотреби на фондови на ЕУ

Редакција