еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Борис Кондарко повторно претседател на Државната изборна комисија

Во македонското Собрание денеска Борис Кондарко е избран за нов претседател на Државната изборна комисија (ДИК).

Тој доаѓа на позицијата по предлог на опозициската СДСМ, е досегашен член на ДИК, како и поранешен претседател.

За потпретседател на ДИК е избран Абдуш Демири, предлог на владејачката Беса

Членови на ДИК остануваат досегашниот претседател Александар Даштевски од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Дитмире Шеху од опозициската ДУИ и Оливер Ристевски од СДСМ.

За останатите два члена на ДИК, Собранието донесе одлука да се распише оглас.

Нови членови на ДИК ќе се бираат откако досегашниот Бобан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ стана заменик – генерален секретар на Собранието, а Радица Ристеска од СДСМ замина во пензија.

Според Изборниот законик, опозициските партии предлагаат претседател и два члена, а владејачките имаат мнозинство со четворица членови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа двајца од Ковид-19, вкупно до сега 5.474

Редакција

Кои се најтргуваните акции на Македонската берза во првото полугодие

Редакција

Досега попишани 45.755 граѓани во дијаспората

Редакција