еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Босна и Херцеговина отвара пристапни преговори со ЕУ

Босна и Херцеговина, осум години откако поднесе апликација за членство, ги отвара пристапните преговори со Европската Унија (ЕУ).

Откако претходно земјата доби препорака за отпочнување на преговорите од страна на Европската комисија, синоќа доби зелено светло и од лидерите на ЕУ.

„Вашето место е во европското семејстгво. Оваа одлука е клучен чекор на вашиот пат кон ЕУ. Сега мора да продолжите со напорната работа за да останете на патот на напредокот“, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

Откако аплицираше за членство, Босна и Херцеговина доби статус на кандидат во октомври 2022 година.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитер „полуде“ за писмото до судиите: „Не се Бејли, Маре мори, не се црви“

Редакција

„Разбиена“ криминалната група „Барон„: За убиство наплаќала од 10.000 до 250.000 евра

Редакција

30 години од воведувањето на денарот и самостојноста на Народната банка

Редакција