еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бруто надворешниот долг на крајот на третиот квартал лани изнесувал 11.072 милионa евра

На крајот на третиот квартал од 2023 година, бруто надворешниот долг изнесува 11.072 милионa евра (или 78,3% од проектираниот БДП за 2023 година) и бележи квартално намалување од 323 милиони евра, додека бруто надворешните побарувања се намалија за 155 милиони евра и изнесуваат 6.918 милиони евра (или 48,9% од проектираниот БДП), објави Народната банка.

Поголемото квартално намалување на обврските во однос на побарувањата доведе до намалување на нето надворешниот долг за 168 милиони евра, со што на крајот на септември 2023 година тој изнесува 4.154 милиони евра (или 29,4% од проектираниот БДП).

Притоа, намалувањето на нето надворешниот долг во третиот квартал произлегува од намалувањето на приватниот нето-долг за 128 милиони евра и на јавниот нето-долг за 40 милиони евра.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почнуваат со работа модуларната болница до Инфективната клиника, инфективното одделение во ГОБ „8 Септември“ и три тријажни центри

Редакција

„Макпетрол“ оствари добивка од 37,2 милиони денари во првите три месеци од годинава

Редакција

Нова листа должници на УЈП: Граѓани и фирми должат 152 милиони евра за даноци и давачки

Редакција