еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бугарската „Кер токи пауер„ ќе стекне целосна контрола врз „РЕС“ на Анѓушев

Од Комисијата за заштита на конкуренцијата информираат дека на 4. јануари годинава до Комисијата било доставено известување за концентрација со која бугарската компанија „Кер токи пауер„ ќе стекне контрола над Рењувабал енерџи суплај (РЕС), компанија за трговија со струја на бизнисменот Кочо Анѓушев.

Како што објаснуваат од Комисијата „Кер токи пауер„ АД нуди широк спектар на висококвалитетни услуги во областа на стекнување, продажба и дистрибуција на опрема што се користи при изградба и работа на фотонапонски централи, како и други апликации и капацитети базирани на електрична енергија произведена од сончева енергија, стекнување, изградба, работење и управување со фотоволтаични/соларни/електрани, решенија поврзани со енергетската ефикасност, системска интеграција и развој на софтвер, развој и обезбедување на интернет услуги и информациски технологии, поддршка на компјутерски системи, консалтинг, посредничка дејност…

Таа нема претпријатија-ќерки, филијали или претставништва лоцирани во Македонија.

Директор на РЕС, како што стои на официјалната страна на компанијата е Анѓушев, а управител е Александар Петрески.

Основачи на РЕС се компаниите Централ Инвест од Македонија, семејната компанија на Анѓушев и Токи од Бугарија.

-Врз основа на прелиминарното испитување Комисијата утврди дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата.

Сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана. Комисијата ги повикува заинтересираните трети страни да достават забелешки и мислења за оваа концентрација до Комисијата, велат од Комисијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Анѓушев: Нема никаква основа за ограничувањето на мојот влез во САД, одлуката ќе ја обжалам

Кочо Анѓушев повеќе не е почесен конзул на Малта, поради тоа што е ставен на „црната листа“ на САД

Бизнисменот Кочо Анѓушев и неговата фамилија на „црната листа„ на САД

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во блок трансакција продадени 5.276 акции од „Алкалоид“ за 707.000 евра

Редакција

Ковачевски за изјавата на Радев: Не преговараме со Бугарија туку со ЕУ, вето нема да има, бидејќи веќе ги почнавме преговорите

Редакција

Пет лица починале од корона вирусот во вонболнички услови за една недела

Редакција