еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Бизнисменот Кочо Анѓушев и неговата фамилија на „црната листа„ на САД

САД го ставија бизнисменот и поранешниот вицепремиер за економски прашања, Кочо Анѓушев на т.н. црна листа.

Одлуката е објавена на веб-страницата на американскиот Стејт департмент.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Анѓушев: Нема никаква основа за ограничувањето на мојот влез во САД, одлуката ќе ја обжалам

Американската амбасадорка најави нови имиња на „црната листа„ на САД

„Соединетите Држави го означуваат Кочо Анѓушев, поранешен вицепремиер на Северна Македонија, како генерално неподобен за влез во Соединетите Држави поради неговата вмешаност во значителна корупција.

Додека ја извршуваше функцијата вицепремиер, Анѓушев ја злоупотреби својата службена положба во корист на неговите приватни деловни интереси и ја поткопа довербата на јавноста во Северна Македонија во владините институции и јавни процеси“, пишува во одлуката.

Стејт департментот им забранува влез во САД и на неговата сопруга Елизабета и двете деца, Ангел и Огнен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој сè освен Самсоненко и Камчева е на црната листа на САД за Македонија

Пред неколку дена на истата листа беа ставени и рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко, неговата сопруга Ирина, мајката на бизнисменот Орце Камчев, Ратка Куновска Камчева, како и фирми поврзани со нив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои фирми поврзани со Сергеј Самсоненко и Ратка Камчева се ставени на црната листа на САД

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Андреа за малку ќе се пласирала во финалето на Евровизија, во втората полуфинална вечер била на 11 место

Редакција

УНИ Банка оствари добивка од 268 милиони денари

Редакција

Стопанска банка Битола лани со раст на добивката за 50,79%

Редакција