еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Американската амбасадорка најави нови имиња на „црната листа„ на САД

Откако Стејт департментот го стави бизнисменот и поранешниот вицепремиер за економски прашања, Кочо Анѓушев и неговата фамилја на т.н. црна листа на САД, американската амбасадорка Анџела Агелер, најави дека на листата ќе има и нови имиња.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Анѓушев: Нема никаква основа за ограничувањето на мојот влез во САД, одлуката ќе ја обжалам

Бизнисменот Кочо Анѓушев и неговата фамилја на „црната листа„ на САД

„Денешното означување на поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев и неговото семејство е уште еден доказ дека САД ќе продолжат да ги санкционираат корумпираните актери во оваа земја и во регионот, без разлика на нивната позиција, политичка определба или времето кога се направени злоупотребите.

Ќе следуваат повеќе означувања, но факт е дека нашите напори и нашите санкции не можат да ја поправат епидемијата на корупција во Северна Македонија.

Конечно, останува на функционерите и на граѓаните на оваа земја да бараат одговорност и промени“, напиша таа на својот профил на Твитер (Х).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој сè освен Самсоненко и Камчева е на црната листа на САД за Македонија

Кои фирми поврзани со Сергеј Самсоненко и Ратка Камчева се ставени на црната листа на САД

Фото: Американска амбасада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судење „Титаник“: Презентирани СМС порако како Јанакиески, Јанкулоска и Груевски договарале вработувања во државни институции пред избори

Редакција

МОН и Бирото за развој на образованието ќе донесат одлука на кој начин ќе се надомести пропуштената настава

Редакција

Случај „Монструм“: Побарана е екстрадиција на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, но од Косово се уште нема одговор

Редакција