еМагазин
Image default
Македонија

Судење „Титаник“: Презентирани СМС порако како Јанакиески, Јанкулоска и Груевски договарале вработувања во државни институции пред избори

На 5 декември продолжува судењето за предметот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство со презентација на доказите од СМС комуникацијата меѓу обвинетите.

На денешното рочиште во неколку наврати судијата Шабани го праша обвинетиот Мунир Пепиќ дали му е добро и му дозволи да излезе на кратко. Пепиќ, по кратката пауза, рече дека е добар и дека може да продолжи со судењето. Сепак, судијата по кратко време го прекина судењето.

Судењето започна со презентација на СМС пораки од комуникацијата која се одвивала меѓу поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоски, како и меѓу поранешниот премиер Никола Груевски и Јанкулоска.

Соговорниците се брифирале за состојбата со пријавени гласачи од дијаспората за која сметале дека е на ниско ниво и дека очекувале многу повеќе.

Пред изборите во 2011 година обвинетите договарале и вработувања во државни институции, меѓу кои во СМС пораките се виде дека се вработувале партиски луѓе и во Кардиолошката болница во Охрид за што запознаен бил и поранешниот премиер Груевски.

Тој и препраќа порака на Јанкуловска од нивни партиски член, која му се жали на тогашниот премиер дека поминала низ партиските кругови во Општинските комитети но не ја вработиле во МВР за што смета дека не било фер.

Судијата Осман Шабани пред почетокот на судењето го прочита известувањето од Собранието на РМ дека на пратеникот Никола Груевски му е одземен имунитетот и најави дека судот ќе постапи по барањето за притвор на обвинетиот.

Во предметот „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, кои се во притвор, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, како и Мартин Протуѓер, Билјана Бришкоска-Бошквски, Илија Димовски, поранешниот градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко и уште неколкумина други.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грчки медиуми: „И се случи Северна Македонија“

Редакција

Во сите институции има лица кои доставуваат извештаи до ВМРО-ДПМНЕ, тврди министерот Спасовски

Редакција

Бесир Беља и Скендер Демири осудени по 19 години затвор за убиството на Никола Саздовски

Редакција