еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Ван Хол“ кој има фабрика во Македонија, доби нови сопственици

Белгиската компанија за производство на автобуси, „Ван Хол“, која има фабрика и во ТИРЗ „Бунарџик“ кај Скопје, доби нови сопственици, холандската компанија ВДЛ и германската „Шмиц Каргобул“.

ВДЛ ќе ги преземе погоните на „Ван Хол“ за производство на автобуси и тролејбуси и делови за автобуси, додека германскиот производител на приколки „Шмиц Каргобул“ заедно со неговиот јужноафрикански партнер ГРВ, ќе стане сопственик на фабриките за индустриски возила на компанијата, која беше пред банкрот.

До понеделник „Ван Хол“ треба формално да згасне, по што ќе биде преземена.

Како што пренесуваат белгиските медиуми, новите сопственици се обврзуваат да задржат дел од сегашните вработени и најавуваат дека ќе има нови вработувања на долг рок.

Каква ќе биде судбината на фабриката и вработените во Македонија засега нема официјални информации.

Фирмата има околу 4.100 работници ширум светот, од кои најголемиот дел се во нејзините погони во Конингсхојт, Белгија и во Скопје.

„Ван Хол“ е семејна компанија за производство на автобуси, тролејбуси и приколки основана во 1947 година.

Фото: Фејсбук/„Ван Хол“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Втор медиумски работник: Камерман во МТВ почина од Ковид-19

Редакција

Трајанов: Мора сите да го видиме Протоколот, нецела страница добивме, мислам дека е тоа несериозен и неодговорен пристап

Редакција

(Вознемирувачко видео) Криминална пресметка во Грција: Двајца Албанци убиени во кафуле полно со гости

Редакција