еМагазин
Image default
Локално

Велосипедист скршил колк при пад на тешко пристапна пешачка патека под средно Водно

Денес околу 15 часот велосипедист скршил колк при пад на тешко пристапна пешачка патека под средно Водно, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„По добиената пријава на 112 екипа на Итната медицинска помош пристигнала во близина на местото на несреќата, а до повреденото лице стигнале движејќи се по тешката пешачка патека.

Го качиле повреденото лице на носилка, му ја имобилизирале повредената страна и со помош на неколку случајни минувачи успеале да го однесат до возилото на брзата помош.

Голема благодарност од ЦУК до докторката и медицинската сестра од екипата на Итната медицинска помош кои пожртвувано се движеле по тешко проодната патека за да му помогнат на повреденото лице кои имало силни болки,“ се вели во соопштението.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нападната вработена во Поликлиника Чаир

Редакција

(Фото) Снегот предизвика проблеми на повеќе патни правци, заглавени возила на Стража, зимска идила во населените места

Редакција

Со фалсификувани 100 евра плаќал сметка на бензиска пумпа

Редакција