еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонска компанија од Самоков ќе произведува воени дронови според НАТО стандарди

Фабриката „АТС АММО“ во Самоков ќе произведува четири видови дронови, според НАТО стандардите, најави премиерот Димитар Ковачевски.

Дроновите, како што истакна премиерот „ќе бидат опремени со вештачка интелигенција, кои што ќе имаат висок дострел, кои ќе имаат соодветна носивост да бидат опремени со соодветна опрема.“

„Цели 42 години оваа фабрика опстојува на овие простори со долгогодишна традиција и искуство во производството на сите видови на малокалибарска муниција и успеа со својот квалитет да се пробие во светски рамки. „АТС АММО“ е дел од АТС групацијата која е присутна во 56 земји во светот“, рече Ковачевски.

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска изјави дека оваа компанија веќе е регистрирана на НАТО пазарот, кој е вреден повеќе од пет милијарди евра.

„Она што ме радува и она што можам да го споделам како податок е дека и останатите компании во Северна Македонија кои се занимаваат со други дејности го зголемуваат интересот за регистрација на НАТО пазарот.

Ако во 2021 година беа само осум компании, веќе во октомври 2023 година, тој број е 18 само за една година или вкупно некаде околу 40 компании кои го добиле тој НАТО код и може да учествуваат на НАТО пазарот”, рече Петровска.

Во однос на производството на дроновите и нивните технички спецификации, министерката не сакаше да објави што точно ќе содржат, затоа што, како што изјави тоа се класифицирани информации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонската армија ќе купува дронови

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) 25 години Автомобил на годината во Македонија

Редакција

Од Ковид-19 починаа 13 лица, дополнително пријавени уште 11

Редакција

Каков имот пријавил Мухамед Зеќири, кој е осомничен за злоупотреба на позицијата генерален секретар на Владата

Редакција