еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонската армија ќе купува дронови

Македонската армија ќе купува дронови. Процесот е веќе започнат, а во текот на следната година истите ќе бидат купени, рече во емисијата Click Plus на ТВ21, Славјанка Петровска.

„Процесот веќе е започнат и во текот на следната година ќе започнеме формално со набавка на дронови, затоа што анализата која јас ја најавив пред неколку месеци е направена.

Генералштабот на Армијата со соодветните единици ја заврши оваа анализа која што покажа каде, во кои сегменти од одбраната и генерално за државата, дроновите можат да бидат искористени.

Во наредниот период остануваме да ги изработат оперативните побарувања, односно да се специфицира што точно, каков вид дронови и со кои перформанси се потребни и таа набавка треба да ја спроведеме во текот на следната година“, рече министерката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Охридска банка за девет месеци со добивка од 385,6 милиони денари

Редакција

На Слави Трифонов не му се бендисаа резултатите од Пописот, оти имало само 3.504 Бугари во Македонија

Редакција

Не смеете да дозволите надзорен инженер да решава што е културно наследство: Протест на МАД и ИКОМОС за законските измени за Бехтел и Енка

Редакција