еМагазин
Image default
Македонија

На Слави Трифонов не му се бендисаа резултатите од Пописот, оти имало само 3.504 Бугари во Македонија

На лидерот на “Има таков народ“, Слави Трифонов, дел од владејачката коалиција во Бугарија не му се бендисаа резултатите од Пописот, оти имало само 3.504 Бугари во Македонија

„При објавувањето на резултатите Бугарите воопшто не беа споменати, а директорот на службата изјави дека тие ги претставуваат само етничките заедници кои се дел од македонскиот Устав.

При пописот во Северна Македонија само 3.504 граѓани се изјасниле како Бугари, т.е. Бугари скоро и да нема. Сепак, повеќе од 100.000 бугарски пасоши се издадени на граѓани на Северна Македонија.

Само во последните две години, кога светот беше затворен од пандемијата, бугарски пасоши добија 16.692 граѓани на Северна Македонија. А, според законите во Бугарија, државјанин на Северна Македонија за да добие бугарски пасош, мора да го докаже бугарскиот корен, пишува Трифонов на Фејсбук и додава: „Така, над 100.000 граѓани на Северна Македонија ги докажуваат своите бугарски корени во Бугарија, а во Македонија се плашат да се нарекуваат „Бугари“.

Тој прашува и зошто во една нормална, европска земја, како што тврди Северна Македонија, човек би се плашел да каже што е тоа?

“Затоа што ова не е нормална, европска земја. Зборувам само по логика – ако Северна Македонија сака да биде нормална, европска земја, т.е. за да бидат дел од Европската Унија, нејзините граѓани мора да можат слободно да се самоопределуваат и нивните права не смеат да бидат прекршени.

Така што моето мислење е дека додека тоа не се случи, Северна Македонија едноставно ќе биде дел од Западен Балкан“, вели Трифонов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Попис: Како Бугари во Македонија се изјасниле 3.504 лица

Фото: Трифонов/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев го осуди нападот врз Бислимоски

Редакција

Обвинетите од ,,Монструм” ќе вршат увид во извештајот на МВР за запленетите телефони

Редакција

Повеќе машки отколку женски лица меѓу новозаболените од корона вирусот

Редакција