еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Москва: Во пишаните предлози од Киев и откажување на Украина од НАТО

Писмените предлози на Украина доставени до Русија во Истанбул содржат точки за повлекувањето на Киев од членството во НАТО и нуклеарно оружје, изјави шефот на руската делегација, Владимир Медински за телевизијата „Русија 24“.

– Вчера, првпат во последните неколку години, властите во Киев изразија подготвеност да постигнат договор со Русија. Ни ги предадоа принципите на потенцијалниот иден договор напишан на хартија, кој предвидува: откажување од членството во НАТО, неблоковски статус на Украина, откажување од нуклеарно оружје и друго оружје за масовно уништување, рече Медински.

Според него, предлозите на Украина вклучуваат откажување од распоредување на странски воени бази и воени контингенти, како и обврска да се одржуваат воени вежби само со договор со земјите гаранти, вклучително и Русија.

Тој посочи дека Украина вчера по првпат покажала подготвеност да реализира важни услови за да може во иднина да гради нормални односи со Русија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Москва: Преговорите со Украина немаа значителен напредок

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ССМ утре ќе ја блокира улицата пред ОРМ и Стопанската комора, ако нема договор на ЕСС, најавува генерален штрајк

Редакција

„Фајзер“ проверува случај на алергиска реакција на вакцината во САД

Редакција

Кои се најтргувани акции на Македонската берза во септември

Редакција