еМагазин
Image default
Свет

„Фајзер“ проверува случај на алергиска реакција на вакцината во САД

Фармацевтската компанија „Фајзер“ внимателно ќе ги провери податоците за појава на тешка алергиска реакција кај медицински работник во американската држава Аљаска на вакцината за новиот коронавирус, развиена од неа во партнерство со германски „БиоНТех“.

Ова го потврдија синоќа од Фајзер за Си-Ен-Ен.

Медицинскиот работник по примањето на вакцината имал отежнато дишење и зголемен број отчукувања на срцето.

„Ги немаме сите детали од извештајот на Аљаска за потенцијално тешка алергиска реакција, но активно работиме со државните медицински власти. Ние внимателно ќе ги следиме сите извештаи за сериозни алергиски реакции по аплицирање на вакцината и доколку е потребно, ќе го ажурираме списокот на контраиндикации.

Упатството за употреба вклучува јасни предупредувања и мерки на претпазливост што треба да се земат предвид,“ соопшти компанијата.

Британските медицински власти ги советуваа луѓето склони кон алергии да се воздржат од вакцинација против новиот коронавирус со вакцината на Фајзер/БиоНТех.

Двајца пациенти кои биле вакцинирани на 8 декември, развиле алергиска реакција.

На почетокот на декември, Велика Британија стана првата западна земја што одобри вакцина за коронавирус. Следуваа Канада, САД и други земји.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Путин: Немавме друг избор, невозможно беше да се толерира геноцидот во Донбас, кој траеше 8 години

Редакција

(Вознемирувачко видео) Хорор во украински Мариупол: Бројни жртви, жителите без вода, струја и топлина

Редакција

(Видео) Путин ја претстави подморницата што може да предизвика нуклеарно цунами

Редакција