еМагазин
Image default
Македонија

Во ковид центрите во Скопје за 24 часа се хоспитализирани 40 пациенти, а вкупно се лекуваат 495

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 40 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерство за здравство.

„Вкупно 495 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 19 приеми и тоа двајца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, двајца во ковид центарот на Клниката за Неврологија, шестмина на Институтот за ТБЦ, тројца на Клиниката за дерматовенерологија и двајца на Очната клиника.

На ОРЛ се примени три нови болни, а во ковид центарот на Клиниката за гастроентерохепатологија еден пациент.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 8 нови приеми на пациенти.

На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се хоспитализирани 13 болни. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 32 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 28 пациенти, на Клиниката за неврологија 30 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 53 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 21 пациент, на Клиниката за очни болести 17 пациенти, а на ОРЛ 28 болни.

На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 24 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 110 болни, на Клиниката за инфективни болести лежи 146 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 38 пациенти.

Вкупно 495 пациенти потврден и сомнителн за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека и покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 20 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судење за „Тврдина-Таргет“: Поранешен командир на ПС Карпош, бара 20 илјади евра зошто бил незаконски прислушуван

Редакција

Според српски Курир Боки 13 се заканил дека ако нешто му се случи во затвор, ќе падне владата

Редакција

Тодор Петров ја повлече иницијативата за нов референдум за името

Редакција