еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Двајца лекари и рендген техничар се загинатите во сообраќајката на патот Прилеп-Битола

Примариус доктор Александар Ристески, радилог, генекологот доктор Никола Василевски и рендген техничарката Фанче Јовановска се трите загинати лица во сообраќајката на патот Прилеп-Битола, објави порталот apla.mk.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три лица од Прилеп загинаа во сообраќајка на патот Битола-Прилеп

Тие работеле во болницата Плодност Битола.

Детали за сообраќајката објави и Министерството за внатрешни работи (МВР).

Несреќата се случила утрово во 7 часот и 51 минута, на патот Прилеп-Битола кај селото Лагово.

Се судриле патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски таблички кое било управувано од Н.В. (42) од Прилеп, со сопатниците А.Р. и Ф.Ј., сите од Прилеп, и товарно возило „волво“ со скопски регистарски таблички управувано од Г.Р. (51) од Битола, информираа од МВР.

Автомобилот се движел во правец кон Битола, а камионот се движел во обратен правец кон Прилеп.

Во несреќата автомобилот се запалил и на самото место починале тројцата патници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нивниот придонес ќе биде вечно запаметен и врежан во историјата на македонската медицина, велат од Плодност за загинатите лекари

Видео: 24info.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сојузот на борците од НОБ со остра осуда за говорот на Џамбаски

Редакција

Хотелот во Лагадин ќе се гради, поништено решението на Пецаков со кое беше стопирана градбата

Редакција

Руската амбасада возврати на обвинувањата на „Гардијан“ за неуспехот на референдумот

Редакција