еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Земјотрес на Халкиди ги стресе и Гевгелија, Струмица, Битола, Велес и Кавадарци

Земјотрес со јачина од 5,2 степени по Рихтер во близина на Неа Мудања, на првиот крак на Халкидики, Грција, вчера ги стресе и Гевгелија, Струмица, Битола, Велес, Скопје и Кавадарци.

По него следеше уште еден со јачина од 4,3 степени.

Епицентарот на земјотресот кој се случи во 18.03 часот по македонско време бил во Егејското Море, на длабочина од 15,9 километри, 12 километри југозападно од Неа Мудања, а истиот беше почуствуван и во Солун.

Засега нема информации за материјална штета или повредени лица.

– Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот од 18 часот и 3 минути со Рихтерова локална магнитуда ML5.1 е почувствуван од населението во Гевгелија и Струмица со интензитет од III – IV степени според Европската макросеизмичка скала, и во Велес и Скопје со интензитет од III степени според истата скала, а земјотресот од 18 часот и 6 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.8 е почувствуван од населението на Гевгелија, Струмица, Битола и Кавадарци со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информираа од.Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје

Видео: Скај ТВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заменик министерот Нухиу: Корона вирусот го напаѓа МВР, петмина вработени заразени

Редакција

Убава вест: Оздравени 543 болни од Ковид-19

Редакција

За 24 часа регистрирани 495 нови случаи на Ковид-19

Редакција