еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Гевгелија го доби новиот „Тони Манџа“: Украл 24 стебла марихуана од полицијата

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од Гевгелија, а за сторени едно продолжено кривично дело – тешка кражба, неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и седум кривични дела – загрозување на сигурноста, информира Јавното обвинителство.

„Во временскиот период од 3.11.2020 година до 29.11.2020 година, осомничениот во три наврати со умисла извршил временски поврзани дејствија кои претставуваат повеќекратно извршување на истото дело на начин што со намера за себе да прибави противправна имотна корист, искористувајќи слични прилики во ноќните часови, кога нема раздвиженост на луѓе, со провалување влегувал во затворени простории и одземал туѓи подвижни предмети со намера протривправно да ги присвои“, информира Обвинителството.

На  3.11.2020 година, во 08:48 часот, влегол во просторијата на оштетеното правно лице – казино во Гевгелија, и пред вработената на дрзок начин од регистарската каса-фиоката, одзел туѓи подвижни предмети – пари во апоени од по 1.000 денари, а во вкупна вредност од 100.000,оо денари и веднаш се дал во бегство.

На 20.11.2020 година од дворот на семејната куќа на оштетениот со намера противправно да го присвои одзел  расно женско куче белгиски овчар во вредност од 25.000 денари.

„На 29.11.2020 година, во периодот од 03.30 часот, до 04.30 часот, со провалување, со употреба на тврд предмет, најпрво се обидел да ја отвори влезната врата од објектот сопственост на  МВР, ОВР Гевгелија, но кога не успеал, насилно го отворил едното крило од прозорецот, по што влегол во внатрешноста на просториите на Отсек за крим-техника и од холот од просториите, одзел туѓи подвижни предмети кои биле оставени во посебни вреќи – наркотична дрога подготвена за натамошно вештачење“, соопшти Обвинителството.

Осомничениот во временскиот период од 29.11.2020 година до 03.12.2020 година во домот во кој престојувал  во Гевгелија неовластено заради продажба држел наркотична дрога марихуана и тоа 24 суви растенија спакувани во црна најлонска вреќа со натпис крим-техника и хартиени вреќи со натпис крим техника и 25 врвни делови од растенија која претходно противправно ја одзел од ОВР Гевгелија и ја продал на НН лице.

„Осомничениот ја загрозил сигурноста на службени лица – полициски службеници со сериозна закана дека ќе нападне врз нивниот живот и тело на начин што на 3.11.2020 година околу 20.00 часот влегол во просториите на ПС Гевгелија и почнал да упатува закани по животот на оштетен униформиран полициски службеник.

Делото го повторил и на 4.11.2020 година во 9.00 часот, кога повторно влегол  во ПС ОН Гевгелија и  се заканувал на оштетените службени лица. Со закани се обратил кон службени лица и на 3.12.2020 година во периодот од 13.00 часот до 14.30 часот додека оштетените полициски службеници вршеле претрес во домот на осомничениот, упатувајќи им сериозни закани дека ќе посегне по нивниот живот.

Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот ќе се даде во бегство, ќе ги уништи трагите од кривичните дела, ќе влијае врз соучесниците во кривичното дело како и дека ќе го повтори кривичното дело а согласно член 165 од ЗКП, јавниот обвинител до судија на претходна постапка во Основниот суд Гевгелија достави предлог за определување на мерката притвор за осомниченото лице.

Основниот суд Гевгелија го прифати предлогот на Обвинителството и на осомничениот со Решение му е определен притвор во траење од 30 дена“, соопшти Обвинителството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупниот број на смртни случаи од коронавирус низ светот надмина 3.000 лица

Редакција

Студија: До 10 пати е поголем ризикот од згрутчување на крвта по заболување со коронавирусот, отколку од вакцината против него

Редакција

(Видео) Снимка која го обиколи светот: Украински жител до руските војници: „Имате своја земја, што барате тука„

Редакција