еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

(Видео) Македонски Телеком со моќна кампања за вистинско поврзување: Да направиме место за емпатија, разбирање и блискост

Македонски Телеком ја започнува кампањата „Да направиме место“ со којашто поттикнува и инспирира отвореност и меѓусебно разбирање коишто се важни  за вистинско поврзување, информираа од таму.

Денес, преку дигиталните технологии, ние сме поврзани повеќе од кога било. Но со години наназад живееме во несигурност и криза, ја губиме довербата во другите, вербата во подобра иднина, се изолираме и се затвораме, и сè посклони сме кон конфликти и нетолеранција.

Според истражувањeто, ова најмногу ги допира младите со интензитет којшто забрзано расте последните неколку години. И покрај тоа што живееме во поврзан свет, сепак не сме вистински поврзани.

Со кампањата „Да направиме место“ ја отвораме темата за предизвиците со коишто се соочуваме како општество. Со дигиталната технологија сакаме да креираме врски и да создаваме моменти коишто инспирираат отвореност и поттикнуваат меѓусебно разбирање, затоа што веруваме дека за вистинско поврзување потребен е отворен свет. Ние тоа го нарекуваме дигитален оптимизам, којшто е во тесна врска со нашиот бренд и цврстата определба да бидеме доверлив партнер на луѓето во времиња на предизвици и да ги поврземе со сè што им е важно во нивниот живот, посочуваат од таму.

„Нашата улога е да ги поврземе луѓето преку комуникациски услуги, но ние имаме одговорност да бидеме многу повеќе од само давател на услуги. Сметаме дека дигиталната технологија не e само алатка за поврзување, туку и алатка за обединување и ширење дигитален оптимизам.

Затоа, повикуваме на отвореност и разбирање, за да можеме да се прифатиме, а потоа и вистински да се поврземе“, истакна Емилија Андоновска, главен комерцијален директор за приватни корисници.

Делата на Горан Стефановски како инспирација

Кампањата е инспирирана од делата на култниот автор Горан Стефановски, коишто се врежани во нашата меморија и се подеднакво силни и вистинити и денес. Неговите дела го отсликуваат нашиот дух и култура, нашиот живот, повикуваат на сплотеност, единство, надминување на разликите и нè обединуваат како народ и како луѓе. Неговото творештво е потсетник дека има повеќе нешта што нè поврзуваат отколку што нè разделуваат.

Моќта на колективот

Во кампањата ќе бидат вклучени познати личности, инфлуенсери, музичари, спортисти… со нивни приказни за предизвиците со коишто се соочиле, но потребно е да се вклучат што повеќе луѓе затоа што и најмалото поврзување може да направи голема разлика и да создаде вистински врски. Преку хаштагот  #НаправиМесто секој може да ја сподели својата приказна. Овој хаштаг ја истакнува моќта на колективот и нè охрабрува да бидеме активни и гласни и заедно да се бориме против предрасудите.

Видео со моќна порака  

Кампањата почнува со видео коешто испраќа моќна порака: и покрај тоа што мислиме дека имаме малку заеднички нешта, сепак можеме да ги премостиме разликите и вистински да се поврземе. Да направиме место за новото, различното и убавото и заедно да создадеме свет во којшто секоја врска нè збогатува, правејќи ја нашата колективна иднина подобра.

Креативниот концепт е создаден од маркетинг агенцијата Saatchi&Saatchi Македонија, дел од Публицис Груп Скопје.

Во рамките на кампањата којашто ќе продолжи во текот на целата година, предвидени се повеќе активности.

Прочитајте повеќе на: telekom.mk, facebook.com/TelekomMK, instagram.com/telekom_mk, twitter.com/TelekomMK.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина економистот и политиколог Владимир Глигоров, син на Киро Глигоров

Редакција

Рускоска најави финансиска истрага за судиите кои ја пуштија Јанева во домашен притвор

Редакција

6 починале: Вкупно 663 граѓани во Македонија по вторпат заболеле од Ковид-19

Редакција