еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

(Видео) Невреме во Грција зеде три жртви, големи штети на Халкидики, во Солун и на дел од островите

Невремето кое ја зафати Грција изминативе денови зеде три човечки животи.

Вчера беше пронајден починат маж на Халкидики, откако неговото возило се превртело поради лизгање на земјиштето и слетало во канал, а претходно уште две лица го загубија животот за време на викендот на островот Лемнос во северниот дел на Егејското Море.

Невремето предизвика големи штети и во Солун, каде беа откорнати и дрвја, како и на Халкидики, особено на кракот Ситонија, во Торони и заливот Порто Кофу, каде се поплавени куќи, подруми и продавници, а патиштата беа непроодни поради одрони.

Невремето предизвика штети и на островот Родос, каде што е урнат и мост во одморалиштето Фалираки, а оштетени се куќи и продавници на брегот.

На Родос и Лемнос е прогласена вонредна состојба.

Видео: Скај ТВ/Опен ТВ/Х/Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Потребни се 56.522 денари за четиричлено семејство да го помине месецот

Редакција

Во ДИК исплаќани надоместоци без мерливи критериуми и комплетни документи, откри државна ревизија

Редакција

Ќе падне ли бугарската Влада: Партијата на Трифонов ги повлекува своите министри, една од причините Македонија

Редакција