еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Организирана група подигала брзи кредити во име на недолжни граѓани, открива новото истражување на ИРЛ, „Украдени животи“

Новото истражување на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ), „Украдени животи“, открива дека организирана група изработувала фалсификувани лични карти со кои биле злоупотребени личните податоци на македонски граѓани, а потоа биле користени за подигање на т.н. брзи кредити.

Документарецот на ИРЛ открива дека групата со фалсификуваните лични карти отворала и банкарски сметки во име на граѓаните – жртви.

Со украдени идентитети и фалсификувани лични карти кои се изработувале на Косово, а на кои се лепеле фотографии од лица од Бугарија и Србија, организираната група подигала пари од финансиски друштва во земјава кои нудат брзи кредити.

Притоа, се краделе идентитети на невини граѓани, а меѓу нив и на ментално попречени лица и одамна иселени граѓани.

Документарецот покажува и дека институциите целосно потфрлиле да ги заштитат личните податоци на граѓаните. Информации за матични броеви, адреси и кредитна и здравствена историја протекувале од дузина државни институции.

Во документарецот се вели и дека измамничките шеми и предаторските пракси на „продавниците за пари„ се резултат на речиси непостоечкиот надзор врз индустријата за брзи кредити – само шест службеници од Министерството за финансии контролираат 27 финансиски друштва со 220 подружници.

Фото/видео: ИРЛ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Имер Алиу ќе го предводи изборниот штаб на ДПА: Останува поддршката за Пендаровски

Редакција

Партиска книшка или вистински квалификации – што е пресудно за вработување на високо раководни позиции?

Редакција

Бројот пак порасна: Македонија ќе згрижи 780 Авганистанци, најголем дел ќе бидат сместени на периферијата на Скопје

Редакција