еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Видео) Ослободен Џулијан Асанж, основачот на Викиликс

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж (52) утрово излезе од затвор и ја напушти Велика Британија, информираа од Викиликс.

Како што пренесуваат светските агенции, тој постигнал договор со американските власти да се изјасни за виновен за кршење на американскиот закон за шпионажа, по што ќе може да се врати во неговата родна Австралија.

Тој признал вина за едно кривично дело – заговор за добивање и откривање доверливи документи за американската национална одбрана, за што ќе биде осуден на 62 месеци затвор, што веќе ги одлежа во Велика Британија.

Во 2010 година Викиликс објави стотици илјади доверливи американски документи за војната во Ирак и Авганистан, од кои се згроизи светот.

Неговата голгота траеше 14 години.

Видео: Викиликс

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) „Културата е скапа, некултурата поскапа“: Протест пред МКЦ по разрешувањето на директорот

Редакција

Цените на производите може да се намалат од сабота, доколку пратениците утре ги изгласат законските измени за ДДВ и акцизата

Редакција

Десетте државјани кои се затекнаа во загрозеното подрачје по земјотресот во Турција се на безбедно и не се во животно-загрозувачка состојба, велат од МНР

Редакција