Јапонскиот оперски пеjач Казухиро Котецу синоќа во Националната опера и балет со македонски песни ја разнежни публиката на настанот за обележување на Светскиот ден на Вранецот, организиран од здружението „Вина од Македонија„.
„Бисер балкански„, „Едно име имаме„, „Македонско девојче“…, беа дел од песните кои ги исполни Котецу придружуван со Битолскиот камерен оркестар.
Котецу минатата година беше назначен за Амбасадор на Вранецот и е основач на Токио Вранец камерен оркестар, а на македонската публика и е позната по прекрасната изведба на македонски традiционални и патриотски песни.
Во рамки на настанот беа презентирани и најдобрите македонски и регионални вина од Балканот создадени од оваа автохтона сорта, која е сѐ попрепознатлива на светската винска сцена.
Фото: Фејсбук/Котецу