еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Викендов бесплатен превоз за битолчани до Стрежево и Пелистер

Поради температурната инверзија која што деновиве се случува во Пелагониската котлина, особено во Битола, што резултира со ниски температури и густа магла, Општина Битола за време не пресојниот викенд ќе организира бесплатен превоз до скијачките терени на Стрежево и кон Инфоцентарот на Пелистер, каде што граѓаните ќе можат да уживаат во сонцето, повисоките температури и чистиот воздух, инфромираат од Општина Битола.

Во текот на утрешниот ден, детално ќе бидат соопштени деталите околу превозот.

„Во меѓувреме, Општина Битола редовно го следи состојбите со квалитетот на амбиенталниот воздух во градот, преку двете официјални мерни станици Битола 1 и Битола 2, како и препораките кои што доаѓаат од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во текот на вчерашниот ден, Општина Битола веќе објави дека во текот на два последователни дена, прагот е надминат во мерната станица Битола 2.

Исто така, Општина Битола веќе врши вонредни инспекциски надзори за контрола на Б интегрирани дозволи, казнување и опомена за горење на несоодветни опасни материјали, забраната за горење на отворено итн., согласно мерките пропишани од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање за инспекциски надзори од страна на општинските служби,“ велат од Општина Битола.

Фото: Општина Битола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прва за Македонија: Активистката Ана Чоловиќ – Лешоска добитник на Голдманова награда за животна средина

Редакција

Случајот „Монструм“ е исконструиран и нема доволно докази, тврди одбраната

Редакција

СЗО: Пандемијата на Ковид-19 не е ни близу до крајот

Редакција