еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Витаминка со зголемена добивка во првото полугодие

Витаминка АД Прилеп во првите шест месеци од година остварила добивка по оданочување од 24,308 илјади денари, која во споредба со добивката за истиот период од минатата година е зголемена, информираат од таму преку Македонската берза.

-Ова пред се се должи на зголемените приходи, велат од Друштвото.

Остварените единечни вкупни приходи во првото полугодие од 2024 година изнесуваат 1,717,143 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2023 година бележат раст од 3%.

-Во структурата на вкупните приходи најголемо учество, 99%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги од основна дејност, кои во споредба со остварените во 2023 година се повисоки за 3%.

Растотот на приходите е поради зголемената продажба на одредени групи на производи, велат од таму.

Остварените единечни вкупни расходи во првото полугодие од 2024 година изнесуваат 1,578,529 илјади денари и во споредба со остварените за истиот период во 2023 година бележат намалување од 1%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За менаџментот на Витаминка лани 41,1 милиони денари

Кои се најголеми акционери во Витаминка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Унгарија која и позајми на Македонија 500 милиони, се задолжила кај Кина за 1 милијарда евра

Редакција

На Комисија во Собрание изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница

Редакција

„Улежаните“ почесто умираат од Kовид-19 отколку физички активните

Редакција