еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата ќе дава логистичка подршка за укинатиот Центар за македонски јазик во Лерин, најави Мицкоски

Владата ќе дава логистичка подршка за укинатиот Центар за македонски јазик во Лерин, Грција, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, за кого одлуката на грчкиот Апелациски суд покажува дека за добрососедството се грижи само нашата страна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција го укина Центарот за македонски јазик во Лерин, од таму најавуваат жалба пред Врховниот суд и Стразбур

„Тоа нема да нè обесхрабри. Јас сум свесен дека таму им се потребни провокации за да ние изреагираме реципрочно и да направиме нешто кое што нема никаква врска со нашите интереси, односно остварување на втората наша цел, а тоа е полноправно членство во ЕУ.

Уште еднаш нашите партнери од ЕУ можат да сведочат на непочитување на договореното од страна на нашите соседи иако јас сум свесен дека тие ќе се вадат, дека е тоа е судска одлука.

Но, нашинците ја имаат нашата поддршка и ќе ги поддржиме во барање на нивното право. Ние како политичари можеме да дадеме логистика, тука е и Европскиот суд за човекови права, така што тие ќе ја имаат апсолутно нашата поддршка.

Нема да реагираме како во минатото. Свесни сме дека сè ќе направат нашите соседи за да нè вовлечат во нивната внатрешна политичка расправа и ќе ја направат Македонија како тема, но ние сме одговорни и зрели и тоа нема да го дозволиме“, рече Мицкоски.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Камо да се ангажираше Османи за македонските граѓани како за Морина

Редакција

Со осигурување на домот инвестираме во сигурност и стабилна иднина

Редакција

Заев смета дека сме во предност што вакцините доцнеле, барем сме знаеле дека се безбедни

Редакција