еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Во декември лани температурата во Македонија била за 1,9 степени повисока од просечната

Изминатиов декември бил многу топол и просечно врнежлив месец, информира од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Средномесечната температура се движела од 1,6 степени во Лазарополе до 7,1 во Гевгелија.

Споредено со просечните декемвриски средномесечни температури за триесетгодишниот период 1991 – 2020 година, температурата во декември 2023 била 1,9 степени повисока од просечната на ниво на државата.

Во однос на високите температури исклучок биле Струмица и Демир Капија, каде биле измерени просечни вредности и Маврово кој бил екстремно топол.

Според УХМР, највисоката максимална температура била измерена на 2. декември во Битола и изнесувала 22,1 степени.

Во текот на месецот се евидентиртани невообичаено високи температури, особено во првата декада.

Најниската минимална температура во текот на месецот била измерена во Лазарополе, на 9. декември и изнесувала -9,5 степени.

Во декември 2023 месечната сума на врнежи варирала од 38 мм во Штип до 140 мм во Маврово. Врнежите биле од дожд и снег. Максимално дневно количество од 59 мм или 57 см снежна покривка било измерено во Маврово на 16. во месецот.

Споредено со декемвриската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020) која изнесува 65 мм, измерената месечна сума на врнежи во декември 2023 била 11 отсто околу просекот на ниво на државата.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Ретка снимка) Како изгледаше земјотресот во Скопје во 1963 година

Редакција

Османи го демантира Тошковски дека македонските граѓани може да патуваат низ земјите-членки на ЕУ со пасоши со старото име

Редакција

Каква е симболиката на црвеното велигденско јајце

Редакција