еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во црквата Свети Спас утре за роденденот на Делчев пристап ќе имаат само најавени делегации

Полицијата ги контролира пристапите до црквата Свети Спас, во рамки на засилените безбедносни мерки пред утрешното одбележување 151 година од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

Целосно се затворени за сообраќај улиците „Самоилова“ и другите сообраќајници околу скопското Кале.

Полициски сили се распоредени во поширокиот реон околу цркавата Свети Спас и по целата должина на улиците кои водат до неа. Пристап имаат само лица со дозволи.

Посебни безбедносни мерки ќе има и утре кога се очекува на гробот на Гоце Делчев да се поклонат државни делегации предводени од претседателот Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски, како и претставници на повеќе други институции и политички партии.

Во црквата Свети Спас ќе им биде дозволен пристап само на најавените делегации. Сите други делегации и граѓани кои не се најавени нема да можат да положат цвеќе за време на државната свеченост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гоце Делчев сигурно се превртува во гробот од тоа што му се подготвува за роденденот

На новинарите им е забранет пристапот до црквата Свети Спас, ЗНМ со остра реакција

Бугарската декларација ги преувеличува работите и не соодветствува на реалноста, вели Ковачевски

МИА/Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Единствениот градоначалник од ДПА, Азем Садику премина во редовите на Алијанса за Албанците

Редакција

Роднини на Пале Иловска, која е во притвор за убиството на полицаецот од Велес, бараат нејзино ослободување

Редакција

Во Куманово и Липково седум новозаразени од корона вирусот

Редакција