еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Роднини на Пале Иловска, која е во притвор за убиството на полицаецот од Велес, бараат нејзино ослободување

Роднини на Пале Иловска, 23-годишната велешанка, која е во притвор за убиството на полицаецот од Велес, бараат нејзино ослободување, а на социјалните мрежи се споделува и петиција.

„Млада девојка без грижа од родителите на 16-17 години пронаоѓа утеха во погрешна личност. Родители разведени, мајката болна, брат на мојот татко, нејзин татко сега веќе починат… сестра, со која не живее поради дотичниот, бидејќи после смртта на мојот чичко, сака целата куќа да биде префрлена на неговата девојка.

Се влечат по судови, дотичниот ја напаѓа нејзината сестра со закани дека по секоја цена мора да ја препише куќата на сестрата, верувам за после тоа по секоја цена да и ја зема и да ја остави на патот.

Поранешните жени имале каде да се вратат кај своите родители, а мојата братучетка останува сама заробена во сопствената куќа. Никогаш до сега се нема пожалено на никој дека е малтретирана, а притоа секогаш беше насмеана. Замислете со што се сама се справувала.

Не го поддржувам тоа што го направи, ама верувам дека секој човек би се борел за сопствениот живот. Верувајте ми душата ме боли.

Еве ви ја вистината и се надевам ќе се најдат добри луѓе кои би и помогнале, би се бореле за неа, до неа, да добие условна казна. Јас сум со неа, господ нека и е напомош“, стои во објавата на нејзината братучетка Мими Беба.

Петицијата можете да ја потпишете ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кога системот ќе затаи, правдата се зема во сопствени раце, случајот со убиениот полицаец во Велес е пример за тоа

Убиениот полицаец од Велес имал условни казни за изнуда и закани по живот и за сообраќајна несреќа во која пијан удрил во шест малолетници

Полицаецот почнал да ја дави, по што неговата партнерка го прободила со нож: Детали од Обвинителството за убиството во Велес

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полни автобуси и авиони: За Велигден најмногу се патува во Грција, Италија, Истанбул, Крф

Редакција

Нови 358 случаи на Ковид-19 од 2.275 тестирања, во Скопје 173

Редакција

Детален преглед: Какви новини носи предлог-законот за јавни набавки?

Редакција