еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Кога системот ќе затаи, правдата се зема во сопствени раце, случајот со убиениот полицаец во Велес е пример за тоа

Случајот со убиениот полицаец во Велес е еклатантен пример кој, кога системот не реагирал на време и не те казнил соодветно, на крај граѓанинот сам ќе пресуди.

Имал условни казни за изнуда и закани по живот и за сообраќајна несреќа во која пијан удрил во шест малолетници, и останал да работи како полицаец. Каде го има ова??

Да бил системски третиран за се што извршил како казниво дело, можеби ќе било превенирано да биде убиен.

Ова е само еден од морето на примерот каде кога системот ќе затаи, случаите се разрешуваат екстремно, најчесто со загуба на живот.

Граѓаните во различни ситуации не бараат помош од државата да ги заштити, бидејќи знаат дека нема.

Не веруваат во системот, правдата, не се сигурни дека ќе добијат соодветна помош и најчесто трпат.

Кога ќе пријават, обично завршуваат бетер. Немоќни и под притисок, повлекуваат изјави пред институции, бидејќи чувствуваат дека проблемите нема да им бидат решени, напротив-агонијата ќе се зголеми.

Насилството не мора да биде физичко, психичкото е пострашно. Но е недоказливо за институциите.
Доколку се направи анкета, секој втор би изнел одредена приказна, која ќе биде доказ на немоќноста на институциите, пред некоја друга моќност која е над нив.

Се изнаслушавме и изнагледавме такви сведоштва.

Она што меѓународните извештаи го нотираат како слабости, за жал, македонскиот граѓанин на своја кожа го живее. Не треба расфрлање со зборови за да се опише нефункционалноста и затајувањето на правдата, доволна е неправдата која секојдневно се нанесува, и чувството со кое граѓанинот живее.

Кога е така, во момент на ефект, не се бираат средства, како таа правда да биде задоволена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убиениот полицаец од Велес имал условни казни за изнуда и закани по живот и за сообраќајна несреќа во која пијан удрил во шест малолетници

Полицаецот почнал да ја дави, по што неговата партнерка го прободила со нож: Детали од Обвинителството за убиството во Велес

Фото: Photo by Tingey Injury Law Firm on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата ги прогласи 14 и 15. февруари за денови на жалост

Редакција

Нема договор за датум за избори

Редакција

Пендаровски со апел да се протестира достоинствено и без насилство

Редакција