еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Единствениот градоначалник од ДПА, Азем Садику премина во редовите на Алијанса за Албанците

Градоначалникот на Студеничани од редовите на ДПА, Азем Садику, премина во партијата Алијанса за Албанците.

– Градоначалникот на Студеничани г-дин Азем Садику сега е дел од големото семејство на Алијанса за Албанците. Нему му се приклучија и локални структури кои одбија да се пазарат со актуелната власт. Правото и чистото триумфираа!, објавија од Алијанса за Албанците на Фејсбук.

Садику, кој беше единствениот избран градоначалник на ДПА својата одлука ја оправда со фактот дека бил предаден од неговиот актуелен лидер Мендух Тачи.

„Претседателот на ДПА ме продаде многу евтино. Јас ја немам таа цена. Тие подготвија стапица со ДУИ за промена на волјата на жителите во Студеничани. Но, наидоа на блокада, иако беше ангажиран целиот државен апарат, Владата, полиција, валкани пари, полициски коли,” изјави Садику.

Кон оваа партија се припои и целиот локален огранок на ДПА.

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, пак смета дека да не бил тој, Садику немало да победи и затоа според него не држат обвинувањата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерот Хоџа од БЕСА не можел да седи на иста маса со ДУИ, ќе си поднесе оставка

„Со оставката на претседателот Зоран Заев, престанува и мандатот на целото раководство“, напиша Царовска на „Фејсбук“

Фото: Фејсбук/Алијанса за Албанците/МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се што беше објавено за работата на Комисијата и заедничко чествување на цар Самуил е апсолутно неточно, вели Ѓоргиев

Редакција

Заев за обвинувањата дека СДСМ прибира податоци од граѓаните: Водиме современа кампања по моделот на Шведска

Редакција

Саниран е дефектот на водоводната цевка, кој остави голем дел од Центар без вода

Редакција