еМагазин
Image default
Македонија

Заев за обвинувањата дека СДСМ прибира податоци од граѓаните: Водиме современа кампања по моделот на Шведска

Како грубо обвинување кон СДСМ и обид да се сврти вниманието поради можноста за изборен пораз го оцени премиерот Зоран Заев тврдењето на граѓанскиот изборен штаб на кандидатката за претседател, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова дека неговата партија креирала андроид апликација „Избори 2019 година“, за која има сериозни индикации дека складира лични податоци на граѓаните.

Заев одговарајќи на новинарско прашање во Гевгелија изјави дека водат современа кампања за овие избори, по моделот на сестринските партии од Шведска.

– Сето тоа е навистина грубо обвинување кон политичката партија, која ја предводам, а всушност претставува некаков изговор за некој што знае каков ќе биде резултатот од претстојните избори, истакна Заев.

Нагласи дека за овие обвинувања е дадено детално соопштение и оти партијата го модернизира своето работење согласно новите технологии.

-Како и да е кликнете на веб страната на ДИК, имате пристап до избирачкиот список, каде што се видливи податоци, согласно законот и во самата апликација тоа е дозволено и апсолутно верувам дека сето тоа што се прави е строго стопроцентно согласно законите во нашата земја и никако не задира во личните податоци на граѓаните, ниту ги копира и секако претставува нешто, што многу европски земји веќе со децении во користат, нагласи Заев.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силјановска обвинува за тешки злоупотреби во изборниот процес

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заболени со корона вирусот и 11 здравствени работници од ГОБ „8 Септември“

Редакција

На барање на ОЈО и СЈО одложени судењата за „Транспортер“ и „Траекторија“

Редакција

Санкционирани 665 лица за неносење маски

Редакција