еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Во Македонија активни 12 пожари, шест се под контрола

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска информираа дека во текот на вчерашниот ден имало 53 пожари на отворен простор низ државава.

Од нив во моментов, 12 сѐ уште се активни, шест се под контрола, а 35 се изгнасти.

Три од активните пожари се на територија на општина Македонски Брод. По два се водат како активни во општините Кичево и Чашка. Активни пожари има и во регионот на општините Дебар, Долнени, Новаци, Пласница, Ресен.

Под контрола е пожарот во општина Демир Хисар, на Илинска – Плакенска Планина, кај селата Вирово и Слоештица, каде опожарена била ниска вегетација.

Вториот е во општина Битола, на територија на село Острец, каде се опожарени сува трева и густа мешана шума.

Мешана шума е опожарена и во пехчевското село Негрово, како и на територија на општина Чашка, кај селата Папрадиште и Ореше.

Под контрола е ставен и пожарот на депонијата во општина Делчево. Букова шума горела меѓу селата Болно и Илино во ресенскиот регион.

Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Здружение на јавни обвинители повикаа на брза истрага, кој поставил експлозивната направа во куќата на обвинителката во Кичево

Редакција

По колку акции поседуваат членовите на Управниот и Надзорниот одбор на Адинг

Редакција

Васил Гарванлиев ќе ја отвори втората Парада на гордоста во Скопје

Редакција