еМагазин
Image default
Техно ТОП СТОРИИ

ТикТок е најпопуларната aпликaција во светот во 2022 година, ја презеле 875,2 милиони корисници

Кинеската апликација TикТок минатата година ја преземале 875,2 милиони корисници преку платформите на Гугл Плеј и Апл Ап Стор, соопшти денеска порталот Статиста.

Податоците на порталот откриваат дека ТикТок беше убедливо најпопуларната мобилна видео апликација во однос на преземањата минатата година.

Апликацијата ЈуТјуб ја презеле 190,8 милиони корисници, а Нетфликс 179,7 милиони корисници.

Четвртото место го зазеде друга кинеска апликација за споделување видео, Киашо (Kuaishou), што ја презеле 177,5 милиони луѓе.

Во првите десет се и Дизни Плус, Амазон Прајм Видео, MX Плеер, Моџ, ЈуТјуб за деца и Хостар.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина 42-годишна жена од Прилеп откако во неа удрил автомобил

Редакција

(ФОТО) Водородните машини на „Брако“ на турнеја низ Франција

Редакција

Нема опасност за куќите кај струшката населба Елен Камен, пожарот сè уште е активен

Редакција