еМагазин
Image default
Бизнис

Во октомври Македонија ја посетиле 67 илјади странски туристи

Државниот завод за статистика соопшти дека во Македонија во октомври се евидентирани 94.165 туристи, од кои 27 илјади (28.9 %) биле домашни, а 67 илјади (71.1 %) странски туристи.

Бројот на ноќевањата во октомври изнесувал 187.272, од кои 36.7 % се од домашните, а 63.3 % од странските туристи.

Во периодот јануари – октомври 2023 година, во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 21.2 %. Кај домашните туристи има зголемување за 0.1 %, а кај странските за 38.6 %.

Има раст и кај бројот на ноќевањата за 9.8 %. Кај домашните туристи има зголемување за 1.1 %, а кај странските за 23.5 %.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До 31. мај треба да ја потврдите или корегирате годишната даночна пријава за 2022 година

Редакција

„Ист Гејт мол“ се отвара на 29 октомври

Редакција

12 дена е во прекин железничкиот сообраќај во Македонија

Редакција