Државниот завод за статистика соопшти дека просечната месечна исплатена нето-плата по вработен лани во декември изнесувала 29.943 денари.
Според податоци на ДЗС, највисоката просечна нето плата во декември е исплатена во секторот Воздухопловен транспорт, 118.949 денари, следи секторот Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности – 79.180 денари, па Финансиско-услужни дејност, освен осигурување и пензиски фондови – 49.482 денари, па Останати стручни, научни и технички дејности – 48.429 денари и Продажба на основни фармацевтски производи и препарати – 47.816 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колку изнесува најголемата просечна бруто-плата во декември
Просечната нето-плата во декември лани 29.943 денари
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.