еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Ова е чин на војна, напад на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, велат од украинското МНР

Целта на руската офанзивна воена операција е уништување на украинската држава, насилно заземање на украинска територија и воспоставување окупациска контрола, се вели во официјалното соопштение на украинското Министерство за надворешни работи.

„Руските војски остваруваат напади на мирните украински градови од различни правци, вклучително и од страната на привремено окупираните Донбас и Крим, како и североисточниот регион.

Ова е чин на војна, напад на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, грубо кршење на Повелбата на ООН и основните норми и принципи на меѓународното право.

Украина го активира своето право на самоодбрана во согласност со меѓународното право.

Борбениот дух на украинските војници е висок, нашите бранители се подготвени да и дадат решителен отпор на државата агресор и со сите сили ќе ја бранат украинската земја.

Украина ја повикува меѓународната заедница веднаш да дејствува. Само обединети и решителни чекори можат да ја запрат агресијата на Владимир Путин против Украина.

Нашите партнери мора веднаш да активираат пакет на нови санкции. Исто така, ги повикуваме и пријателските престолнини да продолжат да ги зајакнуваат одбранбените способности на нашата држава преку обезбедување оружје и воена опрема.

Од нашиот заеднички одговор сега не зависат само животите и безбедноста на украинските граѓани, туку и безбедноста на граѓаните на Европа и иднината на светскиот поредок,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Русија ја нападна Украина

Османи го осуди нападот на Украина

Фото: Фејсбук: МНР/Украина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Ова е тоа за леб немаме, чоколадо јадеме“: Надоместоците на обвинителите на СЈО хит на Твитер

Редакција

Петте точки на Бугарија се маркетиншки трик, вели Пендаровски

Редакција

Русија тврди дека поседува докази за вмешаност на Пентагон во финансисрање воено-биолошки проекти во Украина

Редакција