еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Во Собранието изгласан ребалансот на буџетот

Денеска во Собранието со 67 гласови „за“, седум против и без ниту еден воздржан е усвоен ребалансот на буџетот за годинава.

Со него вкупните приходи се планирани на 318,2 милијарди денари, што е 2,6 проценти повеќе во однос на иницијалните проекции, вкупните расходи се планирани на 362,8 милијарди денари или за 5,6 проценти повеќе во однос на иницијалните проекции, капиталните расходи се планирани во висина од 44,7 милијарди денари, а дефицитот е планиран на ниво од 44,7 милијарди денари, односно од иницијално планираните 3,4 проценти на 4,9 проценти од бруто-домашниот производ.

Опозициската СДСМ и коалицијата не го подржа ребалансот, а пратениците на опозицискиот „Европски фронт“ ја напуштија седницата, зошто од дневен ред беше симнат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во прво читање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Стадо диви свињи предизвикале сообраќајка: Македонска државјанка повредена близу Кукуш

Редакција

Министре Дураки ич да не жалите, фатете се за работа и заработете си ја платата

Редакција

(Фото) Мавровчани ја исчистија црквата „Св.Никола“ која беше „потопена“ во Мавровско езеро

Редакција