еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Министре Дураки ич да не жалите, фатете се за работа и заработете си ја платата

Министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки жали дека не се изразил јасно кога го прашаа за став за најавената тужба за загадувањето и неработењето на дел од мерните станици кои треба да го мерат истото.

Не знаел добро македонски. И што и сега и за курс по македонски јазик да не треба пари да му дадеме. Да отвориме броеви да донираме? Во неговата биографија пишува дека знаел германски. Може да научи и македонски. Има министри по светот зборат и по 10 јазици.

Тоа што не знае да се изразува добро, не го вади за тоа дека не си ја работи како што треба и дека не испорачал никакви видливи резултати.

Македонија не била Швајцарија, толку биле парите. Што не се бори на седница на Влада за повеќе пари за загадување? Што прави на седница на Влада? Дига два прста? Позира за да го има на „уметничките„ слики кои владните портпароли ги стават на Фејсбук?

Благодарно е кога човек има можност да направи добро за повеќе луѓе. Тој како министер има одлична можност да помогне на цела една држава, на многу негови сограѓани, роднини, пријатели… да се справат со сериозен проблем, како што е загадувањето.

Па и тој нели го диши истиот воздух. И за негово добро е.

Ако сака да го памтиме само како командант Вентили, кој оставил луѓе два месеци без вода, тоа е веќе друга приказна и негов проблем, кој треба сам да си го реши, но не со наши пари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитерџиите за министерот Дураки: „Подобро да си ќутеше“

Министерот Дураки жали што не се изразил јасно

Кој е министерот Дураки познат како „Командант Вентили“, кому граѓаните не му се важни

Го знаете овој човек? Министер е и не се „бави“ со нас, ама го плаќаме со 72.621 денари секој месец

(Видео) Министерот кој не одржал ниту една прес-конференција за загадувањето и јавно призна дека не се „бави“ со граѓаните

Фото: Фејсбук/Садула Дураки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сите детали: Објавен Протоколот кој Македонија го потпиша со Бугарија

Редакција

Официјално во Македонија детектирана БА 5 варијантата на омикрон, присутна е во неколку градови

Редакција

(Фото) По Мичиген и Чикаго го прогласи септември за месец на македонското наследство и култура

Редакција