еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Фото) По Мичиген и Чикаго го прогласи септември за месец на македонското наследство и култура

И градоначалникот на Чикаго, Брендон Џонсон го прогласи септември за месец на македонско-американското наследство, откако неодамна и гувернерката на Мичиген, Гречен Витмер повика македонската култура да се слави во оваа сојузна држава во текот на септември, јави Гласот на Америка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американците велат има Македонци во САД, Бугарите велат нема

– Чикаго е дом на горда и динамична македонско-американска заедница која го зацврсти градот во делот на уметноста и музиката, бизнисот и финансиите, правото и владата, образованието, социјалните услуги, науката и медицината, вели градоначалникот Џонсон во известувањето.

Тој истакнува дека македонско-американската заедница овој месец одбележува 32 години од независноста на македонската држава, повикувајќи ги „сите жители да се приклучат во славењето на многуте придонеси на македонските Американци“.

На 23 септември во Чикаго треба да биде претседателот Стево Пенадровски, кој ќе присуствува на настан организиран од „Македонија 2025“.

Освен во Чикаго, македонската култура месецов се слави и во градот Рејнолдсберг, Охајо, каде градските власти најавија дека македонското знаме ќе се вее пред општината до крајот на септември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Резолуција во американскиот Сенат за македонскиот јазик, култура и историја

Во јули годинава, пак, републиканскиот сенатор од Индијана, Мајк Брон, претстави резолуција во Сенатот да се прогласи септември 2023 година за месец на македонско-американско наследство во САД, кога ќе се слават јазикот, историјата и културата на македонските Американци.

Резолуцијата спонзорирана од Брон, кој е единствен сенатор што е член на групата пријатели на Македонија и македонските Американци во Конгресот, прво треба да биде одобрена од сенатскиот комитет за судство, пред за неа да гласа целиот Сенат.

Гласот на Америка на македонски ja контактирал канцеларијата на сенаторот Брон за статусот на оваа резолуција во моментов, но оттаму се` уште нема одговор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија ја саботира резолуцијата за македонско-американско наследство во САД, ново отворено непријателство од Софија

Обединетата македонска дијаспора (ОМД), на чие барање беа резолуциите во Мичиген и во Сенатот, ја поздрави иницијативата на градоначалникот на Чикаго.

– ОМД активно работи секоја држава и град каде има Македонци да прогласи месец на македонско наследство. Ваквата иницијатива почна од 2020 година и ќе продолжи во иднина“, рече коосновачот и волонтерски претседател на ОМД, Мето Колоски.

МИА/Фото: ВОА/Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 48 случаи со Ковид-19 од 387 тестирања, најмногу во Скопје

Редакција

Заев и Ахмети се договорија за заеднички кандидат за претседател

Редакција

Нефи Усеини во домашна изолација поради Ковид-19, одложено третото судското рочиште

Редакција