еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Американците велат има Македонци во САД, Бугарите велат нема

Резолуцијата на републиканскиот сенатор од американската држава Индијана, Мајк Брон, да се прогласи септември 2023 година за „Месец на македонско-американското наследство“, односно да се слават македонскиот јазик, историја и културата на македонските Американци и нивниот придонес за САД, се уште не е одобрена од сенатскиот Комитет за судство, пред за неа да гласа целиот Сенат, а истата ја дигна „добрососедска“ Бугарија на нозе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Резолуција во американскиот Сенат за македонскиот јазик, култура и историја

Откако претходно бугарската министерка за надворешни работи и вицепремиерка Марија Габриел во бугарското Собрание изјави дека МНР на Бугарија ќе направи се таа резолуција да не донесе, сега во „битката“ против Македонците се вклучи и бугарско здружение од САД, кое со цел панфлет, кој нормално нема да Ви го пренесеме, бидејќи е чиста небулоза, тврди дека Македонци во САД немало.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија ја саботира резолуцијата за македонско-американско наследство во САД, ново отворено непријателство од Софија

Габриел информираше и дека кога бугарското МНР дознало за поднесената резолуција презело активности и дека амбасадорот и генералниот конзул во Вашингтон веќе разговарале со тимот на сенаторот кој ја предложи резолуцијата.

Македонските власти пак очекувано молчат за овој нов сихноризиран непријателски чин на источниот сосед, во време кога државата од сите страни е сардисана да ги внесе токму Бугарите во македонскиот Устав.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американската сојузна држава Мичиген го прогласи септември 2023 за месец на македонската култура во САД

Во меѓувреме пак гувернерката на американската сојузна држава Мичиген, Гречен Витмер веќе го прогласи септември оваа година за месец на македонско-американското наследство.

-Септември има значење за македонските Американци како што се наближува годишнината од Денот на независноста на Република Македонија, симболизирајќи го патот на државата кон суверенитет и нејзините трајни врски со македонско-американската заедница, се вели во известувањето на гувернерката.

Во него се посочува дека Американците со македонско потекло придонесуваат за американската култура преку „бизнис, спорт, уметност, политика, медицина, право, култура, кулинарски вештини и бројни други области“.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Утре ќе се знае судбината и на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“

Редакција

Ахмети за заканата на Дардишта со војна: „Таквите изјави не се во интерес на партијата и на каузата“

Редакција

Асанж може да биде екстрадиран во САД, британскиот Висок суд ја прифати жалбата на американската Влада

Редакција