еМагазин
Image default
Бизнис

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком: Клаудификација, дигитални услуги и ИКТ решенија во фокусот

Македонски Телеком ја организираше втората Т Бизнис конференција под мотото – „За нови дигитални перспективи“, информираат од таму.

Конференцијата се одржа во Велес, со фокус на мали и средни компании од источна, централна и западна Македонија, како и на институционални корисници. Целта останува иста: да се промовира помасовно користење на дигиталните решенија, што ќе придонесе за забрзување на дигиталната трансформација на општеството.

Експерти од Македонски Телеком презентираа и отворија дискусија на темите: сајбер безбедност, клаудификација, дигитална канцеларија, дигитални управувани услуги и паметни ИКТ решенија.

„Дигиталната трансформација денес е неопходна за бизнисите. Наша задача како технолошки лидер и доверлив партнер е да го поттикнеме и забрзаме тој дигитален премин, што е уникатна можност за економски раст и развој на целото општество.

Токму затоа веруваме дека знаењата и решенијата за дигитализација треба да се споделат со што е можно повеќе компании низ цела Македонија, за сите заедно да можеме да одговориме на предизвиците на модерното време“, изјави Марјан Богатиновски, главен директор за деловни корисници на Македонски Телеком.

Решенијата коишто беа презентирани се дел од портфолиото на Македонски Телеком, а освен постојните, се презентираше и ново оригинално решение за управување со електрична енергија, коешто екреирано и произведено од Македонски Телеком.

Се најави и продолжување на развојот на иновативно решение за телемедицина, коешто ќе направи целосен пресврт во медицината во времето што доаѓа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алкалоид со раст на приходите и добивката во првите шест месеци од годинава

Редакција

За половина година 101 компанија од Македонската берза со вкупна добивка од 141 милиони евра

Редакција

Сектори со најниски просечни нето-плати во август

Редакција