еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Горивата поскапуваат до 2,5 денари

Цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 од вечерва на полноќ се зголемуваат за 2,50 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Цената на Еуродизел и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) пак се зголемува за 2 денари за литар, а на Мазутот М-1 НС за 0,473 денари за килограм.

Со новата одлука, Еуросупер БС-95 ќе се продава за 78 денари за литар, Еуросупер БС-98 за 80 денари за литар, Еуродизелот за 70,50 денари за литар, а маслото за горење Екстра лесно 1 за 70,50 денари за литар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Македонски Телеком“ ги „шие“ останатите оператори според бројот на претплатници на интернет

Редакција

Смени во Одборот на директори на Цементарница Усје

Редакција

Мицкоски: Трите барања на Петков се ултранационалистички, не знам зошто воопшто преговараме

Редакција