еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Сашо Давитковски и Тодорка Давитковска ги продадоа сите акции во Скопски пазар

Скопски пазар АД Скопје преку Македонската берза ја известува јавноста дека на 04.08.2020 година во блок трансакција беа истргувани вкупно 17.532 обични акции издадени од Скопски пазар АД Скопје, по цена од 6.169 денари по акција, во вкупна вредност од 108.165.602 денари.

„Досегашниот акционер Тодорка Давитковска изврши продажба на сите акции што ги поседуваше во Скопски пазар АД Скопје, односно 8.055 обични акции, што претставува 11,36% учество во вкупниот број на обични акции издадени од Скопски пазар АД Скопје и повеќе не е акционер во Скопски пазар АД Скопје.

Досегашниот акционер Сашо Давитковски изврши продажба на сите акции што ги поседуваше во Скопски пазар АД Скопје, односно 7.546 обични акции, што претставува 10,64% учество во вкупниот број на обични акции издадени од Скопски пазар АД Скопје и повеќе не е акционер во Скопски
пазар АД Скопје.

Воедно со состојба од акционерската книга од 05.08.2020 година „Лико-проект ДООЕЛ“ се појавува како акционер со над 5% во акционерската структура на Скопски пазар АД Скопје со вкупно 17.532 обични акции или 24,71% од бројот на обични акции со право на глас, односно 20,49% од вкупниот број на издадени акции од друштвото“, информираат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продаден блок акции од „Скопски пазар“ за 1,7 милиони евра

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И Скендер Реџепи најави формирање на нова политичка партија

Редакција

Нови текстилни работнички заразени со корона вирусот во Штип, во изолација над 130 лица

Редакција

ФТ: Словенија притиска ЕУ да го прими целиот Западен Балкан до крајот на деценијава, некои од членките вџашени од предлогот

Редакција